Лејкерс го обезбедија првото место во доигрувањето на Западот

EPA/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го обезбедија првото место во доигрувањето во Западната конференција со победата над Јута Џез од 116:108.

„Езерџиите“ до победата ги предводеше Ентоно Дејвис со 42 поени и 12 скокови. Му се придодао Леброн Џејмс со 22 коша и девет асистенции, а Двајт Хауард впиша 11 коша. Кај „Џезрите“, пак, најдобри беа Донован Мичел со 33 поени, од кои 21 во првото полувреме, и Мајк Конли.

Филаделфија 76ерс со 132:130 ги надиграа Сан Антонио Спарс, а победата им ја обезбеди Шејк Милтон со „тројката“ постигната на 7,2 секунди пред крајот на мечот.

Џоел Имбид беше најдобар стрелец кај Сиксерс со 27 поени и девет скокови. Тобијас Харис додаде 25 поени, а Џош Ричарсон 19 поени, Демар Дерозен беше најефикасен кај Спарс со 30 коша, Руди Гај додаде 24, а Дерик Вајт 20 поени.

Денвер Нагетс по продолжетоците со 121:113 ги победија Оклахома Сити Тандерс, благодарејќи на расположениот Никола Јокиќ кој даде 30 коша, од кои осум во последниот дел од мечот. Најдобар стрелец на Нагетс беше Мичел Портер Џуниор со 37 коша. Шеј Гилџес-Александер ги предводеше Тандерс со 24 коша.

Торонто Рапторс со 107:104 беа подобри од Мајами Хитс, во прв ред на 36-те поени на Фед Ванвлите. Кај Мајами најдобар бепе Словенецот Горан Драгич со 25 поени.

Њу Ореланс Пеликанс со 109:99 го совладаа Мемфис Гризлис, а „рукито“ Цион Вилјамсон постигна 23 коша. Брендон Инграм ги предводепе Пеликанс со 24 поени.

Индијана Пејсерс со 111:100 беа подобри од Вашингтон Визардс, благодарение на Ти Џеј Ворен со 34 коша

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Торонто 48 18 .727 –
2. Бостон 44 22 .667 4
3. Филаделфија 40 27 .597 8 1/2
4. Бруклин 31 35 .470 17
5. Њујорк 21 45 .318 27

Централна дивизија

1. Милвоки 54 13 .806 –
2. Индијана 41 26 .612 13
3. Чикаго 22 43 .338 31
4. Детроит 20 46 .303 33 1/2
5. Кливленд 19 46 .292 34

Југоисточна дивизија

1. Мајами 42 25 .627 –
2. Орландо 32 35 .478 10
3. Вашингтон 24 43 .358 18
4. Шарлот 23 42 .354 18
5. Атланта 20 47 .299 22

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северна дивизија

1. Денвер 44 23 .657 –
2. Јута 42 25 .627 2
3. Оклахома Сити 41 25 .621 2 1/2
4. Портланд 30 38 .441 14 1/2
5. Минесота 0 19 45 .297 23 1/2

Пацифичка дивизија

1. ЛА Лејкерс 51 15 .773 –
2. ЛА Клиперс 45 21 .682 6
3. Сакраменто 28 38 .424 23
4. Феникс 28 39 .418 23 1/2
5. Голден стејт 15 50 .231 35 1/2

Југозападна дивизија

1. Хјустон 42 24 .636 –
2. Далас 40 29 .580 3 1/2
3. Мемфис 32 36 .471 11
4. Сан Антонио 29 37 .439 13
5. Њу Орлеанс 29 38 .433 13 1/2