Лејкерс го загубија четвртиот меч во низа по повредата на Леброн

Тимот на Лос Анџелес лејкерс ноќеска загуби на домашен терен од Филаделфија со 101:109 во меч од регуларниот дел во НБА-лигата.

Екипата на Лос Анџелес го претрпе четвртиот пораз во низа. „Црната“ серија на Лејкерс започна на 20 март на мечот против Атланта (94:99), на кој беше повреден лидерот на тимот Леброн Џејмс.

Покрај од Атланта и од Филаделфија, оттогаш ЛА лејкерс загубија и од Њу Орлеанс и од Феникс санс.

Лејкерс се четврти на табелата во Западната конференција, додека Филаделфија е лидер на Исток.