Лејкерски го победија Сан Антонио во меч со 281 поен

ЛА Лејкерс делува како тим што конечно ја остави кризата зад себе, откако „езерџиите“ славеа на гостувањето во Сан Антонио за втора победа во низа, четврта во последните пет меча за овој тим во НБА-лигата. До триумфот Леброн Џејмс и соиграчите дојдоа во извонреден офанзивен меч во кој беа постигнати вкупно 281 поен (138-143), а победата е уште позначајна ако се знае дека за ЛА Лејкерс не настапи повредениот Дејвис.

Леброн целосно ја презеде одговорноста и го одигра својот најдобар натпревар сезонава, постигнувајќи 39 поени за 35 минути на теренот, погодувајќи и рекордни за него во кариерата седум тројки. Германскиот интернационалец Шредер постигна 21 поен во овој триумф на ЛА Лејкерс, додека Лони Вокер исто така даде значаен придонес, реализирајќи 19 поени.

Торонто и без неколку стандардни првотимци успеа да слави на дуелот со Далас, запирајќи ги Дончиќ и компанија на 100 постигнати поени (105-100). Ван Вилт се врати во таборот на „рептилите“ и го предводеше тимот со 26 поени и седум асистенции, но клучна сепак беше одличната одбрана врз Лука Дончиќ. Словенецот го одигра својот втор најслаб меч на офанзивен план сезонава, постигнувајќи само 19 поени, со шут од поле 8/15.

Феникс во драматичен натпревар ја совлада Јута со минимални 113-112. Ејтон беше најдобар поединец на натпреварот со 29 поени и 20 скокови, а одличен беше и Девин Букер, со 27 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.