„Ле Монд“: Време е да се мисли што ќе се случува по НАТО

НАТО е на исто рамниште со големите светски играчи, кои постојано се на сцената и се преправаат дека не ја забележуваат неизлечивата болест која ги поткопува одвнатре, пишува во анализа францускиот угледен дневен весник „Ле Монд“, пренесува НетПрес.

Можеби е време Организацијата да се пензионира?

НАТО со многу тешки маки успева да си го зголеми буџетот, да отпочнува нови програми и да распоредува војски. Овој Сојуз, на биполарниот XX-ти век, глатко се движи кон еден целосно различен свет. 70 години е голем јубилеј. Таа возраст, која е за секаков респект, ја достигна Организацијата, воена структура на Западот, создадена од Вашингтон за време на Студената војна. Алиајансата го надживеа својот комунистички соперник – Организацијата на Варшавскиот договор, која се урна пред околу триесет години заедно со СССР.

По повод 70-от роденден, слушнавме многу поздрави, пофалби и комплименти. И зошто да не? На крајот на краиштата, НАТО е добро сочуван. Искрено кажано, пластичната хирургија прави чуда, но сепак Алијансата е многу далеку од совршенство. Некои дури и’ изрекоа и пресуда: лидерот на една од 29-те земји членки е целосно подготвен да се бори со ветување дека по пет години НАТО повеќе нема да го биде. Претседателот на САД, земјата основач и главен спонзор на НАТО, постојуано зборува за излегување од Алијансата.

Како резултат на тоа, слично на големите актери на светската сцена, кои продолжуваат да се присутни и се преправаат дека не го забележуваат канцерот кој ја поткопува нивната сила, НАТО ги зголемува буџетите, стартува нови програми и распоредува војски и вооружување, како ништо да не се случило. Како овој Сојуз на биполарниот ХХ-ти век мазно и глатко се претопува со еден целосно различен и бескрајно посложен свет. Се чини и дека целата негова структура како воопшто да не стравува поради субверзивните чекори на Доналд Трамп. Се разбира, апаратот сепак ќе се одржи уште некое време, се вели во текстот на „Ле Монд“.

Секој ден гледаме нови и нови признаци на слабост на Алијансата. Така на 1 април, годинава, Пентагон објави стопирање на доставките на леталата F-35 на сојузничка Турција, поради упорното настојување на Анкара да набави руски ракетни системи, и покрај противењето на Вашингтон. Со секој изминат ден, се појавува се’ појасен факт: треба НАТО да се престрои и да се размисли што ќе се случи по него.

НАТО е мртво, да живее Европа!

Тоа е позицијата на Франција. Во рамките на НАТО, Париз беше упорен: во 1966 година генерал Шарл де Гол, лидер на нуклеарната сила, го урива сојузот со повлекувањето на Франција од обединетото воено командување на организацијата (земјата повторно се враќа во структурата во 2009 година).

Политиката на нојот

Тоа е позицијата на Берлин. Тешко е да се окарактеризира фрлањето во сенка на прашањата за одбраната и безбедноста на германската политичка сцена. И покрај американскиот притисок, и новата агресивна надворешна политика на Русија, како и ветувањето на членовите на НАТО да одвојат по 2 отсто од своите државни буџети за одбрана, Германија, која се одвојува 1,25 отсто од буџетот, ги отфрли плановите да го зголеми процентот до 1,5 отсто, по последните пресметки на министерот за финансии, Олаф Шолц, социјал-демократ и решителен противник на милитаризацијата. Берлин е парализиран од колапсот на американскиот столб, кој му ја обезбедува целата заштита и не може да се оттргне од пацифистичкиот автопилот. Претходните молчеливи германски експерти за безбедност, денеска отворено ја осудуваат неспособноста на владејачката коалиција да постигне согласност за основни прашања за безбедноста и целосен недостаток на стратешка визија. Што се однесува, пак, до Франција, таа воопшто не стравува јавно да го изрази своето негодување.

Стратегија на самотник

Тоа е полскиот пат. Полска, притисната меѓу агресијата на Русија и колебањата на Германија, е член на НАТО веќе 20 години, и буквално се моли на САД и смета на двострани врски. Таа му вети на Вашингтон две милијарди долари за отворање на постојана воена базљ во Полска, која претседателот Дуда предложи да се именува (тоа е јагодата на шлагот) „Форт Трамп“. Името, на крајот, беше изоставено, но идејата беше разгледана од Пентагон и веројатно ќе биде прифатена под формата на располагање на мобилни единици. Полска има сериозен аргумент: Кина сега силно тропа на вратата со својот проект „Патот на свилата“.

Честит роденден, НАТО! И добре дојде во XXI век.