Леброн блескаше за трета по ред победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Ноќта на НБА паркетот ја одбележа еден од најдобрите во историјата, Леброн Џејмс кој на Лос Анџелес Лејкерс му го донесе третиот триумф во низа. Лејкерси беа домаќини против Сакраменто Кингс и на крајот забележаа значајна победа со резултат 122-114.

Најдобар поединец на натпреварот беше токму „кралот“ со 31 поен и по пет асистенции и скокови. Одличен за гостите со 30 поени беше Фокс.

Над триесет броеше и ВанВлит кој во победата на Торонто Репторс над Сан Антонио Спарс реализира 33 поени. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 129-104, па Торонто, исто како и Лејкерси, го запиша третиот триумф во низа и се врати во трката за плеј-оф.

Одличен настап имаа и Барет (32) и Рендл (30 поени, 16 скокови) во победата на Њујорк Никс над Индијана Пејсерс од 104-94, додека Букер со 33 поени го предводеше Феникс Санс на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс (111-123).

Единствениот натпревар кој не донесе индивидуален учинок над 30 поени е дуелот помеѓу Кливленд Кавалирс и Мемфис Гризлис. Гостите славеа со 106-110. Најдобар за домашниот тим беше Гарланд 27 поени, додека најпрецизен кај гостите беше Морант со 26 поени.