Леброн даде 34 поени, ама Феникс го збриша Лејкерс среде Лос Анџелес! (ВИДЕО)

Леброн Џејмс и Расел Вестбрук заедно дадоа скоро две третини од поените на Лос Анџелес Лејкерс, но и тоа не беше доволно за губитничката серија да продолжи, па Лејкерс во својот „Стејплс Џентар“ загубија од Феникс со 90-108 за „жешките“ да ја продолжат својата одчлична серија со четврта победа во низа, а 25-та сезонава.

Џејмс даде 34 поени, Вестбрук додаде 22 со дабл-дабл учинок од уште 10 скока, но само овие двајца играа синоќа за Лејкерси, но сѐ што одигра тимот од ЛА беше во првата половина од втората четвртина кога беа во налет, по што застанаа, а Феникс предводен од Девин Букер брзо стигна до двоцифрена предност, која ја одржуваше, па пред крајот и до највисоките плус 22 (105-83).

Букер даде 24 поени со девет скока, а Ајтон имаше дабл-дабл со 19 поени и 11 скока. Феникс е прв на Западот, а сега им следуваат четири врзани мечеви како домаќини.

Далас предводен од Брансон со 28 поени ја победи Минесота со 114-102, на Портланд не му беше доволен извонредниот Демијан Лилард со 39 поени, па загуби со 97-111 од Њу Орлеанс, додека Фурние со 22 поени како прв стрелец го предводеше Њујорк до триумф над Детроит со 105-91. Мајами ја растури Индијана со 125-96.