Леброн Џејмс: Моето трпение е на тест оваа сезона

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс по мечот со Минесота (104:124) проговори за својот пристап кон работата во позадината на бројните порази на тимот.

-Трпението е важен фактор за мене секоја сезона. Сегашната не е исклучок. Годинава трпението ми се става на тест пожестоко отколку во последните неколку години, бидејќи имаме многу проблеми со играта и многу порази. Сето тоа е таков тест за вашето трпение, способност да останете фокусирани на она што се случува на теренот, да најдете начини да ја подобрите сопствената игра, способноста да го задржите вистинскиот став и да не подлегнувате на поразителни расположенија… Никогаш не би си дозволил да паднам во таква состојба, дури и кога губам натпревар, изјави Џејмс.

За прв пат од неговата дебитантска сезона во НБА, тимот на Леброн има 11 порази повеќе во споредба со победени натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.