Леброн не ветува титули, туку напорна работа која ја очекува и од соиграчите

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс го напушти „Кливленд“ и се пресели во Калифорнија, каде што ќе се обиде да ги врати „ЛА Лејкерс“ во врвот на НБА лигата.

Сите ме знаете. Знаете за моите шампионски навики. Но тие не значат нужно шампионска титула. Значи дека треба да работам напорно секој ден. Тоа е она што го очекувам од сите соиграчи, рече Џејмс на отворањето на неговата фондација „Јас ветувам училиште“.

Освојувачот на три НБА прстени во „Лејкерс“ ќе биде опкружен со млади играчи- Брендон Инграм, Кајл Кузма, Лонзо Бол, но ќе има подршка и од голем број на искусни играчи како новодојдените Реџон Рондо, Мајкл Бизли, Ленс Стивенсон и Џавел Mекги.

Свесен сум дека ќе има периоди кога ќе бидеме многу добри и кога ќе бидеме лоши. Овие работи ми се познати, додаде Џејмс.

Тој објасни дека размислувал дали да замине во „Филаделфија“ или во „Хјустон“, но почуствувал дека вистински чекор за него се „Лејкерси“.

По многу разговори со семејството одлучив, иако не постои конкретна причина да станам „езерџија“. Како што не постои ниту кога би заиграл за „Јенкис“ или за „Манчестер Јунајтед“. Тоа не е до титулите, едноставно, тоа е нешто историско, рече Џејмс.

„Лејкерси“ се првиот клуб од Западната конференција во кој ќе игра Џејмс, откако целата кариера ја помина во „Кливленд“и во „Мајами“.