Леброн постави НБА рекорд, но Лејкерс го претрпеа петтиот пораз од Минесота (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс го претрпе и петтиот пораз во петтиот натпревар сезонава, загубија од Минесота, а првата ѕвезда на Езерџиите, ветеранот Леброн Џејмс, направи уште еден чекор кон тоа да го нарекуваат најдобар на сите времиња.

На Џејмс 20 години не му се случило да стартува една сезона со скор 0-5, но за утеха, постави рекорд по бројот на натпревари во регуларна сезона на кои постигнувал 20 или повеќе поени. Џејмс на 1.135 меча дава барем 20 поени и го надмина досегашниот рекорд на Карл Мелоун.

Ноќеска забавно беше во Бостон, каде што Карис Леверт и Донован Мичел постигнаа по 41 поен, и станаа првите соиграчи од Кливленд кои на меч од регуларна сезона дале над 40 поени. Кај Бостон, двајца играчи имаа по 32 поени.

До прва победа во НБА дојде првиот пик Паоло Банкеро, Демар Дерозен стана 50-тиот играч во историјата со 20.000 поени, а Тајрис Макси од Филаделфија изненади со поставување личен рекорд од 44 поени, притоа погодувајќи девет тројки.

Ова е 20-тиот поен на Леброн Џејмс со кој испиша историја:

https://twitter.com/NBA/status/1586175796565389313?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1586175796565389313%7Ctwgr%5E07ba655ea4a2108a0288efd81e6d36a9a14bb160%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Flebron-postavi-nba-rekord-no-zamina-od-salata-vo-minesota-so-spushtena-glava-video%2F

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.