Леброн позитивен на Ковид-19, НБА воведува драстична мерка

Леброн Џејмс е надвор од тимот на Лејкерс и влезе во здравствен безбедносен протокол поради коронавирусот, јавуваат американските медиуми.

Според новите правила на натпреварување, играчите кои се вакцинирани влегуваат во протоколот за Ковид само доколку имаат позитивен тест за вирусот и оние кои не се во контакт со заразено лице.

Леброн пропушти 12 од 23 натпревари оваа сезона поради проблеми со повреди и суспензија поради конфликт на натпревар, а тимот има 7 победи и 4 порази со него во тимот или 5 победи и 7 порази без него.

НБА одлучи да воведе задолжителна трета доза од вакцината поради овој случај. Џејмс е голем поборник за вакцинација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.