10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Леброн титулата му ја посвети на Коби: Се надевам дека си горд

Најдобриот кошаркар во големото НБА финале Леброн Џејмс 17 титула на ЛА Лејкерс му ја посвети на легендарниот Коби Брајант.

Во годинешното финале Лејкесри со 4-2 во победи го поразија Мајами и ја обезбедија17 титула во историјата на клубот со што се израмнија по бројот на освоени титули во најтрофејниот клуб во НБА Бостон.

За жолтите од Лос Анџелес овој шампионски пехар има огромно значење поради фактот што е освоен во годината во која загина легендарниот предводник на Лејкерси Коби Брајант.

Леброн Џејмс по големото финале го подигна и трофејот за најкорисен кошаркар на финалната серија (МВП) . Тој 17 титула му ја посвети на својот покоен идол и пријател големиот Коби.

Леброн на Инстаграм напиша:

„Се надевам дека си горд, Брате мој, те сакам и ми недостасуваш“.

Коби Брајант инаку со Лејкерси освои пет шампионски прстени во најсилната светска кошаркарска лига.