Лечење фрустрации – или како престанав да бидам вол и пуштив брада

(дооргански ми е од изборни анализи на генерали после битка, ова е мој личен шизфреничен патепис низ сопственото лудило)

Пред 3-4 месеци од десетици души, кои интересно повеќето беа жени и неколку наводно машки со лажни профили, ме убедуваа дека на почеток на ЈУНИ ќе имало нова ЈАЛТА МЕЃУ ТРАМП, ПУТИН И ЏИПИОНГ И ЌЕ СТАВЕЛЕ КРАЈ НА КОРОНА, СИТЕ ВОЈНИ И ПОДЕЛБА НА СВЕТОТ, ма свакако у БЕГИШУ!!!!

Таа средба, ни мање ни више ќе/се/да/ одржела во Белград. Ај ја будала наивна, па и се јавив кај колегите од новинарските куќи во Србија кои слатко ми се изнасмеаа, што воопшто читам такви поратли (аналогни на Саше политико или некој друг рамноземјаш рекетар). Проверив сите као се фактори за такво нешто, како акредитација, како прво за да одам, секако. Сите ми се изнацерекаа у фаца, дигитална де. Нејсе и пак, јас будала, напишав едно писменце дека нема такво нешто до сите што со денови ме убедуваат во таа историска свеЦка средба, уште повеќе ми праќаа и препраќаа дека е во тајност, дека ни јас ни новинарите не сме информирани и дека они имале бољи извори на информации.

Редегенеричниот сој ги заследив, покрај тоа што добив впечаток дека профилите им се лажни и затскриени и тоа не мал број, се’ истите оние кои со години наназад тврдат дека Бил Гејц ќе не учипел за да не следи, (иако преку мобилните и ФБ и Инста и Твитер, и онака знаат кај сме и со кого сме)

Од елиени ко гуштери ама Господ знае, кемтрејлови дека земјата е рамна, дека гуштери владеат со владите, веруваат во Господ ама од елиени сме настанале, нема еволуција, ниту пак го разбираат делото на Дарвин, се повикуваат на Нострадамус, а книгата не ја пипнале (јас ја имам). Уште нивото им е будалата Даникен, на кој со децении секој рационален му се смее како на аналниот деген, дека илуминати све ово – оно, дека не сме слетале на месечината, ама Русите и они биле дел од заговорот, ама дека Русите имале оружје да не’ спасат од астероиди, кое било тајно на Тесла иако немало Космос и Вселена, се’ што прикажуваат сателитетите е фотошоп на НАСА, и пак Русите се невини ама најспособни, но не можеле да ги фатат на радар како лажат дека слетале на месечината. Дека некоја приучена анонимна будала на Јујтјуб кажува вистина ама сите научници лажат. Дека Вселената не постои, дека „Господ“ така напишал – а, библија не прочитале, дека се верници, а ниеднаш непричестени, па одговараат „што има да се исповедам и причестувам кај тие со џиповите“, а веруваат во баба Ванѓа и Иван исцелител, па немало Корона се’ било измислено, имало КоРна 19, ама го направиле Американците, па у куртон го пренеле во Кина, а Кинезите невини и наивни кутрите ништо не биле криви, се’ биле масоните, и онаа планетата која уствари никој не ја гледа, Седна била кафено џуџе, т.е. сонце и дека пред 7-8 години требаше да ја уништи Земјата, иако не ми беше јасно како бидејќи истите тврдеа дека нема Вселена, се’ е само сликички на небото и сите астрономи и научници лажат и рамна е Земјата и вакцините се лажни и дека лековите не’ убиваат ама нивните креми од кокошји измет и од масти од мртви глувци лечат се’.

Ете што научив од моите драги Фејсбук, ем неписмени пријатели кои редовно ме информираат кој бил сатанист, а они само у скут на Бога седеле. Што има јас да се разбирам у религија и Гопсод и џабе ми е 40 год. литургија оти таму ми переле мозокот, Русите знаеле, Србите спасиле, оти така пишувало на нивните портали, кои се тречеразредна л’жга, ама попрво нив ќе им поверува оти они не лажат за банери, ама научниците лажат, бре!

Путин знајел сфе и иако го признале ни нашето ново северњачко име е тогаш сами сме крифи… па, чекајте нели безрезервно се залагаа за нас ќе не бранеле ово-оно.

Пишанката е во стилот на Маркес, во еден здив со потполно погрешна лекторика и правопис како што доликува на манично-депресивно – параноичните типови кои секој издувен мотор на небото било кемтреилс за да не уништеле иако на планетава се’ повеќе и се подолговечни и се поздрави се луѓето.

Да ви кажам пред да умрам, да не ми виси или па да морам навечер ко хорор на сон да ви доѓам и да ви се кењам, духовно у уста, да не се занесувате дека за разлика од вас мозокот сум си го направил анален отвор во кој пенетрира шејтанолот со кој редовно сте во кревет, секако дека не верувате дека не сте во право, кога наликува на најпривлечна најубава девојка, која ментално ве задоволува како најсилна одбрана на вашата неписменост, неукост, приученост… оти вашето стручно образвание се балкански јутјуб канали и портали.

Тенкјуендфакју! Ај мин ај лав ју, зажалење сте и греота.

Јас сум глуп, површен и неинформиран, и пак ваков никаков… ауу страшно е ова… после се прашувам зошто на дебили им успеа да направат ова што ви го направија, и вам и на државата… ма знаете што, се’ лошо што ви се случува е заслужено и премалку. Викате за казна, ете ви ја, вие сте казната – вашиот плиток ум, ем антидуховност, антицрковност, антинаука ве уцапа во септичката. Мојата греша во кариерата е што имав почит кон вас-будала!

Ама паметни не слушате (не мислам на мене, јас бев морлок кој 20 години ве предупредуваше и ми се серевте на се’, сега откако се оствари, квичите што сум ќутел?

Да го цитирам Перо Снагата од филмот Продолжен Викенд на Ставре Ѓузел –

„Мрш бре стоко сељачка!“.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес