Леден брег со големина на Лондон се одвои од Антарктикот

Голема санта мраз со површина од 1.550 квадратни километри, или колку британската престолнина, се одвои од Антарктикот, објави Британската антарктичка служба (BAS).

„Огромната санта мраз, со големина речиси на Големи Лондон ја се откина од 150 метри дебелиот леден брег Брант. Се одвои откако пукнатините кои природно се појавија во текот на изминатите неколку години се проширија низ целиот леден гребен, предизвикувајќи отцепување нова санта мраз“, се наведува во објавата на мрежната страница на BAS.

Опишаниот настан се одиграл минатата седмица, а е второто поголемо откинување на санта мраз во истиот дел од ледениот континент во изминатите две години.

Куриозитет претставува што на сантата којашто се откинала има истражувачка станица на британската агенција. Научниците лоцирани на неа известија дека не била под опасност областа на којашто се наоѓаат. Според нив, тамошниот глечер има сложена структура и последиците од отцепувањето може да бидат непредвидливи.

Сите промени во структурата на глечерот, редовно се следат преку посебен автоматизиран систем на BAS.

Глациологот на британската Анатарктичка служба, Доминик Хоџсон, настанот го опиша како фаза од природното однесување на ледениот гребен Брент. Професорот истакнува дека тоа не е поврзано со климатските промени.

Експертите ќе продолжат да го следат движењето на новопојавената санта мраз, којашто подоцна ќе биде именувана од страна на американскиот Национален центар за глечери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.