Леди Гага откажа концерти поради „силни болки“

Американската пејачка ѕвезда Леди Гага го откажа остатокот од турнејата поради „тешки болки“, се наведува во соопштението на организаторот на тековната турнеја.

„За жал, Леди Гага пати од тешки болки поради коишто не може да настапува“, се наведува во објаснувањето што го објави промотерот Live Nation.

„Толку сум скршена, не знам како да го опишам ова. Мојот лекарски тим ја поддржува одлуката да останам дома. Морам себеси и своето здравје да ги ставам на прво место“, соопшти 31-годишната пејачка во објавата на својот профил на Twitter.

Леди Гага требаше да настапи во Велика Британија, Швајцарија, Германија, Шведска, Данска и Франција, во рамките на својата светска турнеја под назив „Џоан“

Парите ќе им бидат вратени на оние коишто веќе купиле влезници, а Леди Гага во објавата се надева на што поскоро враќање и настапи во градовите во коишто се откажани концертите.

Ланскиот септември Гага беше хоспитализирана поради силни болки, и го откажа настапот во Рио де Жанеиро. Пејачката тогаш објави дека пати од фибромијалгија, хронична болест којашто предизвикува болки во целото тело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.