Лефков: До кој степен нарко мафијата од регионот соработува со Владата?

Секојдневно сме сведоци на огромни скандали. Во било која држава во Европа, Владата ќе си даде оставка, по ваков скандал со издавање на фингирани лажни документи, изјави пратеникот Миле Лефков во емисијата Филибастер на радио Лидер.

До кој степен нарко мафијата од регионот соработува со Владата, прашува тој.

Како е можно да бидат издадени документи на лица кои се нарко босови. Свиркачи ги доставиле овие документи. Документите не се фалсификувани, туку издадени од официјални лица. И тоа така си поминува така , нема ниту соопштение. Затоа се наоѓаме во овој хибриден режим . Секојдневно гледаме каква е поврзаноста на нарко мафијата со власта, судството е заробено. За жал имаме последици , човечки животи кои нема да се вратат, економијата крахира и секој ден сме се подалеку од Европа, изјави Лефков.