Лефков: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници ќе им донесат наредни четири успешни години на нивните градови, на нивните места

Во време на здравствена криза претпоставувам дека докторите се тие што ја добиваат да кажеме поддршката од општеството, поддршката од народот. Се појавуваат како луѓе од доверба, луѓе кои што имаат силна иницијатива. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници ќе им донесат наредни четири успешни години на нивните градови, на нивните места. Впрочем потребно е и да се залечат раните од четиригодишното лошо владеење на СДСМ“, истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Лефков додаде дека одлуките за кандидати за градоначалници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат потврдени на Централниот Комитет и по тоа ќе следуваат прес конференции на кои што ќе бидат објавени имињата.

„Јас сум сигурен дека ќе дојде до промена на локалните власти насекаде низ државата и се надевам дека и тоа ќе се случи, потребно ни е заздравување и на економијата, заздравување на инфраструктурата, заздравување на комплетниот начин на живеење. Доста им е на граѓаните од неработа на оваа власт“, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кон сите субјекти во државата кои што се заинтересирани да се тргне од власт хунтата предводена од Зоран Заев останува на маса.