Лефков: Наместо селективна правда Пендаровски одлуката за помилувања да ја прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор

Наместо селективна правда од страна на претседателот Стево Пендаровски одлуката за помилувања да ја прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор, изјави во четвртикот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, одговарајќи на новинарско прашање во врска вчерашната листа на помилувања на шефот на државата и осудените лица за собраниските настани од 27-ми април 2017 година

Лефков истакна дека треба да има неселективност во правдата и одлучувањата.

„Очекуваме неселективност во одлучувањето на Пендаровски, очекуваме неселективност во правдата. И наместо селективна правда по примерот на ваквата одлука таа да се прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор“, истакна Лефков.