Лефков: Однесувањето на Арбр Адеми е невидено насилие кое нанесе срам на целата институција и го наруши угледот на КЕП и на законодавниот дом

Со Законот за работни односи за продолжување мандат на судиите што се пред пензија ние имаме два проблеми, едниот е материјалниот проблем а другиот е процедуранлиот дел бидејќи имаме флагрантно кршење на процедурата и целосно непочитување на процедурата, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма Телевизија.

„Дали пратениците имаат право да се јават за збор за дополна на дневниот ред? Одговорот е секако дека да затоа што тоа им го дозволува Деловникот. Дали пратениците членови на комисијата имаат право да се јават за процедурални забелешки? Одговорот е да, а доказ за тоа се 28-29 седници од кои дел и колешката Зендели ги претседаваше каде имаме земено процедурални забелешки. Дали е факт дека за дадените предлози за измени и дополнување на дневниот ред треба да бидат ставени на гласање и да се гласаат од останатите членови од комисијата? Одговорот е да“, кажа Лефков.

Лефков запраша за тоа колку во овие 2 дена членови и заменици членови добија право на процедурална забелешка во Комисијата за европски прашања? Процедуралната забелешка е забелешка со која укажувате на пропуст на процедурата, тоа е практично чување на процедурата. Додека пак нула членови и заменици добија право на процедурално забелешка.

„Ниту еден член или заменик член не доби право на процедурална забелешка. Правото за процедурални забелешки беа давани само на координаторот и заменик координарот кои не се членови на комисиите“, рече Лефков.

Лефков потенцираше дека времето кое го трошеа во текот на вчерашниот ден, беше потрошено на едно невидено насилие и однесување на Арбр Адеми кој нанесе срам на целата институција и го наруши угледот и на Комисијата за европски прашања и на законодавниот дом.

Тој посочи дека ако ги погледнеме фактите со нула процедурални забелешки, со нула право за барање дополна на дневниот ред и со нула гласање за измена на дополна на дневниот ред тогаш за каква работа на комисијата се зборува?

„Точката на дневниот ред не беше отворена, а денеска се констатира дека истекол вториот ден. Да знаете дека ова е против уставно, против законско и против деловничко. Вака донесен законот треба да падне на Уставен Суд, доколку имаме судови“, дециден е Лефков.