Лефков: Предлагаме оризот да стане стратешка култура и да биде откупуван од Агенцијата за стокови резерви

По членот 72 став 2 барам дополнување на Дневниот ред и тоа дополнување на Дневниот ред со предлог Закон за измени и дополнување на Законот за земјоделие и рурален развој и предлог Законот за измена и дополнување на Законот за стокови резерви. Прашањето е што уште треба да направат земјоделците за да го привлечат вашето внимание за конечно да оваа власт се освести дека ни се потребни овие стратешки реформи кои што се случуваат и кои ни се потребни во земјоделието. Во услови на глобална прехранбена криза ние како Собрание односно вие парламентарното мнозинство градите еден крајно неодговорен однос кон земјоделието“,истакна пратеникот Миле Лефков на денешната пленарна седница во Парламентот.

Лефков ја потсети власта дека им се случија два големи протести на оризопроизводители. Но Љупчо Николовски како министер за земјоделие прави театар за публика во која што ги најавува мерките Агросоветот, а реформите не се случуваат.

„Со едниот закон оризот се предвидува да стане стратешка култура, и да биде дел од стратешките земјоделски култури. Со другиот предлог закон за изменување и дополнување на законот за стокови резерви се предвидува оризот да може да биде откупуван од Агенцијата за стокови резерви“, појасни Лефков.

Пратеникот посочи дека производните трошоци неколкукратно ја надминуваат цената на чинење на цената на продажбата на оризот. Околу 10.000 тони стојат неоткупен ориз од претходната жетва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.