Леганес и Валенсија ремизираа

Во првиот меч од неделната програма од 25-то коло од шпанското фудбалско првенство Леганес и гостинската Валенсија одиграа 1:1 (0:1).

Гостите поведоа во 22 минута со голот на Геофри Кондофбиа, а во самиот финиш во 89 минута за домашните израмни Мартин Брејтвајт.

Валенсија со 33 бодови се наоѓа на осмото место на рабелата, додека Леганес со 30 бодови е на 12-та позиција.

Водечката Барселона има 57 бодови, втор Атлетико со 47, а Реал е трет со 45 бодови. Двете мадридски екипи подоцна во неделата ќе ги играат своите натпревари од 25-то коло.

Во неделата на распоредот се уште три дуела: Атлетико Мадрид – Вилјареал (во 16,15 часот), Вајадолид – Бетис (18,30) и Леванте – Реал Мадрид (20.45). Во понеделник колото го заокружуваат Жирона и Реал Сосиедад.