Легендарниот пилот на ЈАТ, Стеван Попов, кој за време на војната во 1992 година од Сараево спаси околу 40.000 луѓе од сите националности, трагично го заврши животот. Тој се самоуби пред очите на неговата сопруга Снежана Јовановиќ Попов (42), некогашната кошаркарка.
Прочуениот пилот се застрела во глава со пиштол, синоќа околу 18 часот, во семејниот стан.
Засега не се знае што е мотив за самоубиството, ниту пак има информации дали оставил проштално писмо.
Легендарниот пилот зад себе остави три деца.
Неговиот погреб ќе се одржи во сабота на градските гробишта во Нови Сад.
фото: Курир.рс