Легендарниот Меџик Џонсон нема дилеми: Јокиќ е МВП

Како што се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, така се почести се дискусиите за тоа кој треба да биде прогласен за МВП на сезоната.
Главен фаворит за ова признание е центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, а исто мислење има и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Ирвин Меџик Џонсон.

Иако на почетокот од сезоната Меџик имаше други фаворити, пред се Леброн Џејмс, одличните игри на Јокиќ го натераа да го промени мислењето.

– Леброн Џејмс и Џоел Ембид одлично ја започнаа сеозната и беа најдобри. Тука беше и Стеф Кари, но без сомнение најкорисен кошаркар оваа сезона е Никола Јокиќ. Тој игра фантастично, лидер е на својот тим и убаво е да се гледаат неговите игри. Поради тоа, Јокиќ заслужува да биде МВП – изјави Меџик Џонсон.