Лeџет: Сноуден ги украде „клучевите од кралството“

Едвард Сноуден всушност ги украде „клучевите од кралството“ кога објави повеќе од 1,5 милиони тајни документи, вели Рик Леџет, висок функционер во Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА).

Леџет, кој во НСА е задолжен за процена на влијанието на она што го направи Сноуден, во интервју за телевизијата Си-Би-Ес вели дека Сноуден ја поседува „патната карта“ која ги содржи „слабостите на американската раззнавачката заедница“.

Леџет предупредува дека особено вознемирувачки тоа што Сноуден украл 31.000 документи од НСА, кои официјално се сместуваат во детална листа од исклучително значење за НСА, која содржи што ја интересира Агенцијата, но и кои се нејзините слабости и пропусти.

„Дел од тоа се и можните слабости на САД“, додава Леџет.

„Тие информации може, потенцијално, да им ги понудат на ривалските нации ’мапата од патот од она што ние го знаеме, она што не го знаеме и да откријат, премолчено, начинот да ги заштитат своите информации од разузнавачките служби на САД. Тоа се клучевите од кралството“, вели тој.

Според Леџет, Сноуден би можел да добие амнестија ако се согласи да престане да објавува доверливи информации во иднина, јавува АФП.