Уште две лица инфицирани со легионелоза во Њујорк починаа, со што бројката на жртви на легионерска треска достигна десет лица.
Откриени приближно сто случаи на заболување од тешко атипично воспаление на белите дробови, соопшти градоначалникот Бил де Блазио.
Главниот извор на инфекцијата во Јужен Бронкс
Главниот извор на инфекција се наоѓа во областа јужен Бронкс на северот на градот. Соопштено е дека изворот се пет разладни кули, кои градските власти сега ги исчистиле.
Заразата не е пренослива
Заразата, која се третира со антибиотици, не е пренослива, но многу Њујорчани поради претпазливост се откажуваат од употреба на вода од чешма и пијат флаширана вода, нагласуваат здравствените претставници.
Околу 2.400 случаи на инфицирани во САД
Според претставници на податоците на Центарот за контрола и превенција на инфекции годинава се регистрирани околу 2.400 случаи на легионерска треска ширум САД.
Нов вид дрога демнее во Њујорк
Полицијата во Њујорк се бори на улиците со нов вид на дрога, синтетичка марихуана која се вика К2, а која на корисниците има такво психолошко влијание, што им дава чувство на надчовечка сила. Освен тоа, го зголемува чувството на топлина, одосносно температура, па оние кои земале таква дрога обично шетаат голи.
Поради тоа што е евтина, овој вид на наркотик е особено популарен меѓу бездомниците, а тоа на полицијата дополнително и ја отежнува работата.
Кога се под влијание на К2, луѓето се релативно нечувствителни на болка и имаат чувство на неверојатна сила, па самите се изложуваат на можни пповреди, вели Бил Братон, од њујоршката полиција.
Полицијата објави и снимки од двајца мажи кои се соблечени голи. Еден клекнал сред улица и лупа поасфалтот, додека другиотсо рака удира по ограда. Тројца полицајци морале да ги совладеат.
Синтетичката марихуана, К2, не е проблем само во Њујорт, туку веќе има и случаи во Австралија. Се произведува од хемикалии кои имаат сличен ефект на ТХЦ, се мешаат со тревки и се продаваат спакувани во пакетчиња со дреќливи бои. Веќе се забележани и неколку смртни случаи.