Лејкерс надоместија 15 поени во победата над Маверикс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкер со 107:97 ги надиграа на гостонски терен Далас Маверикс, надоместувајќи во треатата четвртина заостанување од дури 15 поени.

Гостите го направија големиот пресврт во третата четвртина којашто ја добија со 32:13. Брендон Инграм беше најдобар играч кај Лејкерс со 29 кошеви, а Лонзо Бол додаде 21 поен. Маверикс уште еднаш ги предводеше „рукито“ Лука Дончич со 27 поени и осум скокови.

Њујорк Никс беа поразени со 101:111 кај Портланд ТрејлБлејзерс кои беа предводени од Јусуф Нуркиќ кој постигна 20 кошеви. Кај победниците Си Џеј Меккалам и Демиен Лилард постигнаа по 17 поени, а Лилард впиша и девет асистенции. Кај Никс, пак, најдобар беше Енес Кантер со 18 кошеви, а Емануел Мадиеј додаде 17 поени.

Сан Антониот Спарс со 119:108 беа подобри на гостувањето кај Детроит Пистонс, а за тренерот Грег Попович ова беше 1.221-та победа во кариерата со што се искачи на третото место на листата на победи на тренерите во историјата на НБА лигата,. Пред Попович, кој ги води Спарс веќе 23 години, се само уште Дон Нелсон со 1.335 и Лени Вилкинс со 1.332 победи.

Демар Дерозен постигна 26 кошеви со девет асистенции и седум скокови за Спарс, а Ламаркус Олдриџ додаде 25 кошеви. Блејк Грифин беше најеифкасен на теренот и кај Пистонс, со 34 кошеви и осум асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

Далас Маверикс – Лос Анџелес Лејкерс 97:107

Детроит Пистонс – Сан Антонио Спарс 107:119

Бостон Селтикс – Бруклин Нетс 116:95

Хјустон Рокетс – Денвер Нагетс 125:113

Милвоки Бакс – Јута Џез 114:102

Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 114:95

Портланд Трејл Блејзерс – Њујорк Никс 111:101

Сакраменто Кингс – Орландо Магија 111:95

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.