Лејкерси поуспешни од Оклахома во дербито од НБА

Екипата на Лос Анџелес Лејкерси беше поуспешна од Оклахома со 138: 128, на гостински терен.

Најпрецизен на средбата беше Кајл Кузма од тимот на „езерџиите” со 32 поена, а дабл-дабл учинок постигнаа тројца негови соиграчи – Ивица Зубац (26 поени и 12 скокови), Лонзо Бол (18 поени и 10 асистенции) и Џош Харт (12 поени и 10 скокови). Леброн Џејмс продолжува да се опоравува по повредата на колената и повторно не беше присутен на теренот. За Оклахома Пол Џорџ постигна 27 поени, а Расел Вестбрук беше блиску до трипл-дабл – 26 поени, 9 скокови и 13 асистенции.

Во останатите средби од НБА, Денвер го декласираше Чикаго Булс со 135: 105 на домашен терен, Торонто го совлада Феникс со 111: 109, Филаделфија немаше проблеми против Индијана Пејсерс – 120: 96, а Шарлот го победи Сакраменто со 114: 95.