Лек на шпанска компанија покажал силна претклиничка ефикасност против Covid-19

217

Шпанската фармацевтска компанија „PharmaMar“ извести дека во вторникот во влијателното научно списание Science е објавена студија која потврдување дека нејзиниот лек „плитидепсин“(Plitidepsin), поседува „силна претклиничка ефикасност“ во лекувањето на Covid-19.

Студијата која „ин витро“ и „ин виво“ ја спровел тим научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз, покажала дека препаратот влијае врз намалувањето на репликациите на вирусот, што резултирало со 99-процентно намалување на вирусното оптоварување во белите дробовите на животните третирани со „плитидепсин“, објави Science.

„Веруваме дека податоците со коишто располааме и почетните позитивни резултати од клиничките испитувања на ‘PharmaMar’ укажуваат на тоа дека ‘плитидепсинот’ би требало да се разгледува кога станува збор за проширени клинички испитуваа во лекувањето на Covid-19“, се наведува во објавената рецензија на препаратот.

Лекот, кој веќе е одобрен на некои пазари во светот за лекување тумор, го блокира протеинот поврзан со вирусот кој е патоген за болеста Covid-19.

Својството на лекот да предизвика токсични ефекти на еден орган, органски систем или на повеќе, е добро познато од претходно, а досега спрведените испитувања покажале дека пациентите добро ги поднесуваат дозите кои притоа биле користени, појаснуват од фармацевтската компанија.

Притоа од PharmaMar“ известуваат дека се во преговори со разни регулаторни агенции што ќе овозможи почеток на третата фаза од испитувањето на лекот.

Како што забележуваат медиумите, по објавувањето на оваа информација кусо по отворањето на берзите акциите на „PharmaMar“ пораснале за 13 отсто, на 98,5 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.