Лек за дијабетес недозволено се продавал во аптеките во земјава

Лекот „Оземпик“ за лекување на дијабетес како фалсификуван се продавал и во аптеките во земјава, предупредуваат здравствените власти. Од Агенцијата за лекови, Малмед, соопштуваат дека добиле претставка дека пронајден е фалсификат на овој лек кој се продавал во аптеки, иако лекот не е дозволено да се продава во секоја аптека, туку само во болнички или други здравствени институциите на државата. Според информациите, овој лек се продавал без рецепт, без препорака на лекар специјалист и за лекување на други болести, како што е дебелина, а не за неговата основна намена – дијабетис, објави Алсат.мк.

„Пријавата до МАЛМЕД е примена кај носителот на одобрението кој има лиценца за дистрибуција на лекот Оземпик на пазарот. МАЛМЕД врши и инспекциски надзор во рамките на своите надлежности во областа на дистрибуција и продажба на лекот Оземпик низ територијата на РСМ, но досега не најдовме конкретен случај. Злоупотребата на овој лек е многу актуелна и тоа е последица на препораките на социјалните мрежи и влијанието на познати луѓе (инфлуенсери) кои го наметнуваат врз граѓаните. Оваа појава е поприсутна, особено кај младата популација. Примената на лекот за слабеење е надвор од одобреното подрачје на индикација и претставува ризик по здравјето“, велат од МАЛМЕД.

Фармацевтите предупредуваат за несаканите ефекти од употреба на лекот.

„Како нуспојави на овој лек, доколку не се користи за намената, ќе има хипергликемија, болест со шеќерот во крвта, повраќање, гадење, болки во стомакот и дијареа. Лекот не го даваме без лекарска упат или одобрение бидејќи има строги казни. 1:29 Во моментов лекот го нема во аптеките“, вели Аулон Рамадани, фармацевт.

Иако е строго забрането да се земаат лекови без лекарски упат, граѓаните признаваат дека се случило сами да побараат лекови.

Според податоците на здравствените власти, Македонија е меѓу земјите кои прекумерно користат лекови без препорака од лекар, , вклучително и антибиотици. Според Фондот за здравство, само во текот на 2021 година граѓаните на Македонија купиле над 1 милион и 500 илјади антибиотици, но не се знае колку се продадени со рецепти, а колку без рецепт. Од Фармацевтската комора велат дека во последните години се соочиле со рекордна продажба на антибиотици. Загрижувачки е фактот што граѓаните бараат по секоја цена да им се препишат антибиотици, мислејќи дека со нивно консумирање побрзо ќе се излечат.