Лекар од Крива Паланка прикрил случај на труење со храна

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(71) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, лекар – специјалист, не поднел пријава за заболување од заразна болест до надлежната Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје Куманово – Подрачна единица Крива Паланка во врска со настан – труење со храна од 19.10.2020.