Лекар во САД обвинет за убиство на 25 пациенти

Лекар од американската сојузна држава Охајо е обвинет за убиства на 25 пациенти на возраст меѓу 37 и 85 години, пренесе телевизискиот канал Fox News.

Според извештајот на телевизијата, Големата порота на округот Франклинн ителите рекле дека 43-годишниот Вилијам Хузел, кој работел како лекар во две болници во Колумбус, дека намерно им препишувал потенцијално смртоносни дози на фентанил на 25 пациенти „без да има друга цел, освен да ја забрза нивната смрт“.

Истрагата дошла до сознанија дека Хузел на пациентите им препишувал дози од споменатиот лек кои биле 10, 20 и 40 пати поголеми од вообичаените. Иследниците, исто така, рекле дека неговите мотиви остануваа нејасни. Неговиот адвокат, пак, рекол дека Хузел „се обидувал да ја ублажи болката на пациентите, но не и да ги убие“.

Се истакнува дека поранешниот лекар бил уапсен по истрага која траела шест месеци, а сомнтелните случаи се одиграле во периодот меѓу 11-ти февруари 2015 и 20-ти ноември 2018 година Обвинението по 25 точки за убиства претставуваат едне од најголемите случаи за предизвикување смрт против лекар во САД.

Лекарот бил отпоштен од болнциата во декември минатата година и притоа му била одземена лекарската лиценца, кога имало поплаку против него а внатрешната истрага на болницата „Mount Carmel“ ги открила неговите фатални рецепти.

Како мерка на претпазливост, управата на болницата сите вреботени кои работеле со Хузел биле отстранети од контакт со пациенти. Дури 48 едицински сестри и фармацевти биле пријавени до нивните професионални одбори, а 30 од нив биле отпуштени, а 18 повеќе не работеле и си заминеле во текот на годините пред да се појават наводите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.