Лекарите на Малта ќе штрајкуваат ако не се откажат концертите

Лекарите и медицинските здравствени работници се заканија во петокот дека ќе шрајкуваат поради загриженоста поради четирите големи музички фестивали на малиот медитеранскиот остров кои може да бидат голем ризик за ширењето на коронавирусот.

Овие настани, вклучително и BPM фестивалот на електронската музика од 11-ти до 13-ти септември, вообичаено привлекуваат илјадници странски туристи во август и септември.

Медицинското здружение на Малта (MAM) порача дека ќе ги затвори сите клиники и ќе им советува на лекарите да ги одложат сите вонболнички интервенции во малтешките државни болници, доколку владата не ги одложи фестивалите.

Синдикатот на медицинските сестри MUMN во понеделникот ѝ даде ултиматум на владата да ги откаже настаните. Синдикатот го обвини премиерот Роберт Абелa дека ги избрал „лакомите претприемачи“ пред животот на ранливите луѓе. Фармацевтите, исто така, најавија штрајк, доколку музучките фестивали не бидат откажани.

Малта ги ублажи рестрикциите наметнати поради коронавирусот меѓу јуни и јули, а премиерот Абела рече дека земјата е „отворена за работењето“. Меѓутоа, порасна бројот на заразените откако кај посетители на забава, кој траеше целиот викенд, потврден коронавирусот.

Бројот на активните случаи во земјата порасна во петокот од 10 на 150, а повеќе од половината од заразените, односно 85 лица, се мигранти кои малтешките поморски сили ги спасија на морето. Министерот за здравство, Крис Феарне, објави во четвртокот нови рестрикции за настаните со повеќе од 100 лица, но новите прописи не ги задоволија противниците на одржувањето на фестивалите.