Лекарите на Трамп велат дека се чувствува добро и може да се врати во Белата куќа веќе во понеделник

Американскиот претседател Доналд Трамп се почувствува многу подобро може да биде отпуштен од болницата веќе во понеделник, а лекувањето да го продолжи во Белата куќа, изјави во неделата на брифингот со новианрите портпаролот на тимот лекари, Брајан Гарибалди.

„Доколку се чувствува исто како и денеска, тогаш се надеваме дека можеме да планираме да го отпуштеме од болницата уште утре, а откако ќе се врати во Белата куќа да го продолжи лекувањето“, рекол Гарибалди.

„Тој се чувствина навистина добри и (…)- доколку сѐ и натаму оди добро, ќе почнеме да го планираме враќањето во Белата куќа“, потврдил главниот лекар на американскиот претседател, Шон Конли.

Конли додал дека состојбата на Трамп продолжува да се подобрува. „Од нашиот последен разговор, состојбата на претседателот Трамп предолжува да се подобрива“, рекол.

Претставници на тимот лекари во воено-медицинскиот центар „Волдер Рид“ близу Вашингтон, каде што во петокот вечерта беше хоспитализиран Трамо, исто така, истакнале дека американскиот челнил од петокот утрото нема покачена температура.

„Пациентот продолжува да закрепнува. Нема зголема телесна температура од петокот утрото, виталните показатели му се стабилни“, изјавил за новинарите лекарот Шон Дули,.

Трамп во саботата објави на Twitter четириминутно видео во коеј изјава дека „вистинскиот тест“ кога станува збор за неговото здравје ќе следи во следните неколку дена.

„Периодот од неколкуте следни денови, мослам дека тоа ќе претставува вистински тест, па ќе видиме што ќе се случи во овие неколку денови“, рече Трамп кај кој се забележуваше замор.

Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, малку претходно во неделата рече дека Трамп се чувствува многуи добро и дека сака да се врати на работа во Белата куќа, но дека ќе остане во болницата уште извесно време.

„Разговарав утровот со шефот на кабинетот на Белата куќа (Марк Медоуз) и добрата вест е дека претседателот се чувствува многи добро и дека всушност сака да се врати во Белата куќа и да се врати назад на работа, но мислам дека ќе остане во ‘Валтер Рид’ барем уште некое време“, рече О’Брајан во емисијата „Face the Nation“ на телевизијата CBS News.

О’Брајан, кој во текот на летото и самиот беше заразен со коронавирусот, рече дека седмиот и осмиот ден од болеста се критични, како и дека поради тоа лекарите сакаат да бидат во близина на претседателот.

Во саботата вечерта и неделата утрото беа објавени контрадикторни оцени за здравствената состојба на претседателот Трамп. Лекарскиот тим на Белата куќа во саботата утрото соопшти дека ситуацијата му се поправа и дека веќе зборива за враќање во Белата куќа.

Подоцна, Медоуз изнесе помалку оптимистичка оцена, и дека состојбата на претседателот во изминатите 24 часа била „многу загрижувачка“ и дека „следните 48 часа ќе биде критично“. Меѓутоа, неколку часа подоцна за Reuters Медоуз изјави дела претседателот Трамп „се чувствува многу добро“ и дека „лекарите се многу задоволни од неговите витални показатели“.

Советник на Трамп кој сакал да остане неименуван, рекол дека претседателот не бил среќен кога ја слушнал првичната изјава на Медоуз од саботата во интервју за Fox News рече дека состојбата на Трамп во петокот била многу полоша отколку што првично беше објавена. Рече дека лекарите му препорачале да оди во болница бидејќи имал зголемена температура и намалено ниво на кислород во крвта, но дека бил на нозе.

Лекарот на Белата куќа, Шон Конли, во саботата вечерта пред болницата рече дека претседателот Трамп нема проблеми со дишењето и дека не добива кислород. Тогаш не сакаше да прогнозира кога Трамп би можел да биде отпуштен во болницата. Подоцна во соопштение за медиумите призна дека згрешил сугерирајќи во изјавата дека коронавирусот бил дијагностициран кај претседателот уште во средата. Во неделата Конли потврди дека новото на кислородот во крвта на Трамп било двојно намалено.

Конли потврди дека Трамп го добива антивирусениот лек „ремдесивир“, потоа експерименталниот препарат за антитела „Regeneron’s REGN-COV2“, како и цинк, витамин Д, фамотидин, меатонин и „аспирин“.