Лекарите открија како да ја идентификуваат депресијата според срцевиот ритам

Промените во срцевиот ритам во рок од 24 часа може да откријат рани знаци на депресијата, според заклучоците до кои дошла група германски научници врз основа на испитувањето чии резултати се објавени на специјализираниот портал MedicalExpress.

Лекарите ја следеле состојбата на повеќе од 30 волонтери, од кои половината биле во состојба на длабока депресија. Во текот на четири дена, стручњаците од франкфуртскиот универзитет „Јохан Волфганг Гете“ ги следеле промените во срцевиот ритам кај учесниците во истражувањето, како во текот на денот така и преку ноќта. За таа цел, испитаниците носеле специјални кардиомонитори, а добиените податоци биле вметната во програма за вештачка интелигенција. Покрај тоа, пациентите кои страдале до депресија примале или специјален лек (кетамин) или плацебо.

„Двата иновативна елемента во оваа студија беа континуираното регистрирање на отчукувањата на срцето во текот на неколку дена и ноќи, и употребата на антидепресивот кетамин, кој може доволно брзо да ја намали депресијата“, вели професорката на Франкфуртскиот универзитет, Кармен Шивек.

Резултатите покажале дека депресивните лица имаат и поголема почетна честина на срцевите отчукувања, како и пониски варијации на срцевиот ритам. Истовремено експертите откриле дека просечно срцевиот ритам кај депресивните пациенти е околу 10 до 15 удари во минута повеќе отколку кај луѓето кои не страдаат од оваа болест.

По третманот лекарите повторно го измериле срцевиот ритам на испитаниците и открле дека „зачестеноста на срцевото биење, како и отклонувањето на срцевиот ритам кај претходно депресивните пациенти се приближуваат кдо нормалните вредности“. Дополнително, истражувачите откриле дека лицате со позачестени отчукувања на срцето во мирување, реагираат подобро на третманот со кетамин.

„Вообичаено зачестеноста на срцевиот ритам е поголема преку денот и пониска преку ночта“, вели професорката Шивек. Веројатно, намалувањето на срцевиот ритам ноќе, според неа, не се случува при депресија. Така, оценува таа, тоа може да биде еден од начините да се идентификуваат пациентите кои се изложени на ризикот од развој на болеста или нејзино повторување.

„Нашата експерименталната студија сугерира дека едноставно со мерење на отчукувањата на срцето во текот на 24 часа, може да се открие со 90-процента точност дали некое лице во моментот е депресивно или не“, вели Шивек.

Според статистичките податоци на Светската здравствена организации (СЗО – WHO), депресијата е едно од најчестите ментални нарушувања. Се проценува дека повеќе од 300 милиони луѓе во светот од сите возрасни групи страдаат од болеста. Таа се разликува од вообичаените промени во расположението и кусотрајните емоционални реакции и може да доведе до сериозни здравствени проблеми, а во најтешките случаи и до самоубиство.