Лекарите се борат за животот на Мечевска

Леакарите во моментов се борат за да го спасат животот на познатата ракометарка Робертина Мечевска, која се здоби со тешки повреди откако попладнево падна од петтиот кат во зградата каде што живее. Мечевска, според информациите кои ги објави „Спортмедиа“, се здобила со потешки повреди на градниот кош и има внатрешно крварење, но она што е најзначајно е дека била во свесна состојба.

По извршените снимања, лекарите веднаш востановиле дека потребна е итна операција.

Увидот за несреќата се’ уште трае.

ekipa

ФОТО1: УТРИНСКИ ВЕСНИК

ФОТО2: ЕКИПА.МК