Лекарот кој ја „измисли“ долговечноста на Јапонците почина на 105 години

Шигеаки Хинохара, јапонскиот стогодишник кој само до пред неколку месеци пред својата смрт ги лекуваше пациентите и помогна да во воспоставувањето на медицинските системи благодарејќи на кои Јапонците станаа еден од најдолговечни народи на светот, починал во вторникот на 105 години.

Роден во 1911 година, една година пред потонувањето на легендарниот „Титаник“, Шигеаки Хинохара со децении бил директор и препознатливиот лик на Меѓународната болница на свети Лука во Токио, позната по лекувањето на светските ѕвезди, како на пример Пол Маккартни, кој се заболе во текот на јапонската турнеја во 2014 година.

Хинохара во болницата свети Лука работел уште од 1945 година, кога ги лекувал жртвите од американското бомбардирање на Токио кон крајот на Втората светска војна, во коишто голем дел од јапонската престолнина биле претворен во урнатини.

„Од почетокот на годинава неговото здравје не беше баш добро, но и до тогаш често навраќаше во болницата за да ги прегледува и да разговара со пациентите“, изјави портпаролката на болницата.

Еден од првите поборници на здравиот начин на живот, за да се избегнат болките во староста, Хинохара во 1954 година вовел во јапонското здравство систем од сеопфатни годишни физички тестови, како дел од превентивната медицина, што придонело за долговечноста на Јапонците.

Автор на дури 75 книги, вклучително и на бестселерот за доброто живеење кој го напиша на 101 година, Хинохара беше чест гостин на јапонските телевизии, каде што го претставуваше животниот стил кој вклучува сок од портокал со маслиново масло за појадок и ставот дека животната енергија извира од доброто чувство, а не од фиксните правила за животот.

„Сите се сеќаваме како уште како деца, кога се забавуваме, често заборававме да јадеме или да спиеме. Верувам дека можеме да го задржиме тој систем и како возрасни личности – најдобро е да не се заморува телото со премногу правила, како што се јадењето и спиењето“, гласи пораката на Хинохара.