Лекарот на Марадона го „правел невозможното“ за „невозможниот“ пациент

Леополдо Луке, личниот лекар на Доего Марадона, против кого се води истрага за небрежност по смртта на еден од најдобрите фудбалери во историјата, изјави во неделата дека „правел сѐ што можел, па и невозможното“ за пациентот кој „правеше што ќе посакаше“.

„Сакате ли да знаете за што сум одоговрен? За тоа што го сакав, што се грижев за него, што му го продолжив животот и го направив подобар“, изјави Луке низ солзи на прес-конференцијата којашто го пренесуваше аргентинската телевизија.

Триесет и деветгодишниот Леополдо Луке се смета себеси за „пријател“ на Диего Марадона, којшто, како што рече лекарор, за него не бил „само пациент, туку и татко“.

Рече дека не знае зошто Марадона во својата резденција во Тигре немал дефибрилатор во сличај на срцев застој и дека тој не бил неговиот избран лекар.

„Јас сум неврохирург“, истакна Луке кој на 3-ти ноември го оперираше Марадона поради хематом на мозокот. „Се грижев за него по оперцијата. Горд сум на сѐ што сторив. Немам што да кријам. Му стојам на располагање на правосудството“, додаде Луке.

Марадона почина на 25-ти ноември од срецев удар, во својата постела.

„Беше невозможен. Требаше да оди на рехабилитација (по операцијата). Не сакаше, не сакаше помош ниту од физиотерапевт“, рече Луке.

„Психијарката бараше пред неговата куќа постојано да има возил на брзата помош. Не знам кој е виновен поради тоа што (тој ден) немало итна помош“, додаде Луке.

Адвокатот и пријател на Марадона, Матијас Морија, во четвртокот најави дека ќе побара целосна истрага за околностите во кои починал Диего Армандо, критикувајќи ја притоа, како што рече, бавната реакција на итната служба, на којашто ѝ било потребно повеќе од половина час да дојде до домот на славниот фудбалер.

Според Луке, Марадона бил „многу тажен, сакал да биде сам, не поради тоа што не ги сакал своите ќерки и семејството, или луѓето околу себе (….) Беше храбар“.