Леклер: Кога седнувам во болидот ми се јавува инстинкт на убиец

Пилотот на Формула 1 тимот Ферари, Шарл Леклер рече дека треба да работи на самоконтрола за да постигне посериозни резултати.

– Веднаш штом влезам во болидот ми се јавува инстинкт на убиец. Не сакам да завршам ниту на второ ниту на трето место. Овие места не значат ништо, за разлика од првото. Мислам дека ова може да помогне и да наштети. Некои грешки што ги направив минатата сезона се токму заради овој психолошки став, понекогаш ризикував премногу кога, напротив, вреди да се биде повнимателен. Желбата секогаш да се биде прв има предности, но понекогаш можеби воопшто не е во ваша корист. Треба да научите да го контролирате ова чувство, мислам дека сè ќе дојде со искуство, изјави Леклер.

Минатата сезона Леклер во своето деби за тимот на Ферари,  го зазеде 4. Место во Светскиот шампионат во Формула 1, пред клупскиот колега и четирикратен светски шампион Себастијан Фетел.