Леклер најбрз и на квалификациите во Монца

The Associated Press

Aвтомобилистoт од Монако во класата Формула 1, Шарл Леклер, од тимот на „Ферар“ по минатонеделната „пол-позиција“ на Големата награда на Белгија, во саботата оствари најбрзо време и во квалификациите за Големата награда на Италија.

Најдобриот круг 21-годишниот пилот го мина за 1 минута и 19,307 секунди. Второто место му припадна на актуелниот шампион и моментално водечкиот во генералниот пласман, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ кој заостана за 0,039 секунди, а на третоот место се пласираше неговиот клупски колега Финецот Валтери Ботас со заостанување од 0,47 секунди.

Во текот на третиот сегмент од квалификациите, финскиот возач од „Алфа Ромео“, Киму Рајконен не успеа да се справи со управувалот и излета од патеката. Квалификациите беа прекинати, а кога дојде продолжението остана толку малку време што десетте најбрзи кругот го завршија само Леклер и Кралојс Сајнц.

Леклер потврди дека е во одлична форма откако пред седум дена триумфираше во Белгија, првпат во својата кариера. Исто така, неговото денешно возење покажува и дека болидот на „Ферари“ е со подобрени перформанси, а „Коњчето“ нема славено на „домашна“ трка во Монца дури од 2010 година.

Четиринаесеттата трка во шампионатот се вози во Монца во недела со почеток од 15,10 часот.