Леклер најбрз на вториот тренинг на италијанското Гран-при

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер го има најдобро време на втората тренинг сесија на Гран при на Италија.

Леклер попладнево на Монца постигна време 1.20.978 минута, односно само 0,068 секунди подобро од возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Првата тројка ја заокружи Себастијан Фетел од Ферари, а по него на поредокот се најде вториот возач на Мерцедес, валтери Ботас.

Главната трка од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Италија е закажана за в недела (8 септември) со поеток во 15 часот и 10 минути.