Леклер најбрз во квалификациите во Австрија

EPA/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на тимот на „Ферари“, Шарл Леклер од Монако, беше најбрз во квалифиакциите за Големата награда на Австрија во Светското првенство во Формула 1, и во недела по вторпат во кариерата ќе ја стартува од „пол-позицијата“.

Најбрзиот круг 21-годишниот Леклер го мина за 1 минута и 3,003 секинди. Втор беше бранителот на титулата и актуелен лидер во генералниот пласман Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ со заостанување од 0,259 секунди . Третото место го зазема пилотот на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен кој заостана 0,436 секунди и ќе стартува од вториор ред со Финецот Валтери Ботас од „Мерцедес“.

Вториот возач на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел, поради технички проблеми беше принуден да го пропушти третиот сегмент и квалификациите ги заврши на десеттото место.

Трката за Големата награда на Австрија на патеката на Шпилберг, која е деветта во годинешната созона, ќе се вози во недела со почеток во 15,10 часот.