Леклер од Ферари најбрз во квалификациите во Бахреин

Пилотот на екипата на Ферари во шампионатот на Формула 1, Шарл Леклер имаше најдобро време во саботата на квалификациите за Големата награда на Бахреин.

Двеасет и едногодишниот автомобилист од Монако го извозе најбрзиот круг со време од 1 минута и 27,866 секунди. Втор беше неговиот клупски колега, Германецот Себастијан Фетел со заостанување од 0,294 секунди. Третото место му припадна на актуелниот шампион Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, кој заостана зад Леклер 0,324 секунди, а како четврти ќе стартува неговиот клупски колега Финецот Валтери Ботас, кој победи на првата трка сезонава во Австралија.

Ова е втора сезона за Леклер го светското првенство во Формула 1, а ова е неговата прва пол-позиција во неговата кариера. Воедно стана и вториот најмлад победник во квалификациите во историјата на натпреварувањето. Помлад од него беше Фетел кој имаше 21 година и 73 дена која со болидот на Торо Росо освои „пол-позиција“ во Монца во 2008 година. Леклер истовремено е првиот возач од Монако кому тоа му успеало.

Трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози во недела на патеката „Сакир“ во 17 часот.

РЕДОСЛЕД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

1. Шарл Леклер (МОН/ Ферари) 1: 27.866

2. Себастијан Фетел (ГЕР/ Ферари) 1: 28.160

3. Луис Хамилтон (ВБР/ Mercedes) 1: 28.190

4. Валтери Ботас (ФИН/ Мерцедес) 1: 28.256

5. Макс Верстапен (ХОЛ/ Ред Бул-Хонда) 1: 28.752

6. Кевин Магнусен (ДАН/ Хаас-Ферари) 1: 28.757

7. Карлос Сајнц пом. (ШПА/ Мекларен-Реноt) 1: 28.813

8. Ромен Грожан (ФРА / Хаас-Ферари) 1: 29.015

9. Кими Рајконен (ФИН / Алфа Ромео-Ферари) 1: 29.022

10. Ландо Норис (ВБР/ Мекларен-Рено) 1: 29.043

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.