Трета трка во низа а петти пат сезонава во Светското првенство во класта Формула 1, монашкиот пилот на „Ферари“ Чарл Леклер избори прва страртна позиција, овојпат на трката за Големата награда на Сингапур.
Леклер ја мина патеката за 1:36,217, пред Британецот Луси Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ кој заостана за 0,191 секунди, и својот клупски колега од „Ферари“, Германецот Сенастријан Фетел кој заостана за 0,220 секунди, додека четврти е Холанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Бул“.
Поредок на првите 10 пред Гран-при Сингапур:
1.Шарл Леклер (Ферари) – 1,36,217 минута
2. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1,36,408
3. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.36.437
4. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1,36,813
5. Валтери Ботас (Мерцедес) – 1,37,146
6. Александар Албон (Ред Бул) – 1,37,411
7. Карлос Саинц (Мекларен) – 1,37,818
8. Даниел Рикиардо (Рено) – 1,38,095
9. Нико Хулкенберг (Рено) – 1,38,264
10. Ландо Норис (Мекларен) – 1,38,329.
Главната трка за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14,10 часот.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 284 бодови, пред Ботас со 221 и ВЕрстапен со 185 бодови.