Лекови без рецепт може да купите во маркет или бензиска пумпа

Лекови за главоболка, температура, болки во стомакот,воспалено грло од пред една недела без рецепт може да се купат во маркет или бензиска станица, пишува„Здравство.мк“.

Вкупно 108 лековите од ОТЦ-листата со новите законски измени се достапни во 10 продажни места во познат ланец македонски супермаркети. Наскоро овие лекови ќе се продаваат во вкупно 45 продажни места, како и во одреден број локални маркети, а предвидено е деновиве да започне продажбата и во 86 бензински станици низ цела Македонија.

„Станува збор за лекови кои се неопходни во прв момент на појава на одредена здравствена потешкотија (главоболка, покачена телесна температура, појава на дијареа и сл.), односно во моментите кога пациентите се обидуваат овие првични здравствени симптоми да ги совладаат по пат на самолекување, пред да се јават на преглед. Особено е важно овие лекови да бидат што е можно подостапни низ целата територија на Република Македонија, бидејќи кај секој граѓанин во определен момент може да се јави потенцијална потреба од истите,вели за „Здравство.мк“, Катерина Алексовска, директор на Бирото за лекови.

Според Алексовска на овој начин, се овозможува зголемување на достапноста на овие лекови, особено во населените места во кои нема аптеки или аптеките се наоѓаат на поголема оддалеченост.

„Токму во насока на зголемување на достапноста, деновиве ќе започне продажбата на лековите од ОТЦ-листата во бензински станици во рурални средини, како што се: с. Велгошти – Охридско, с. Дреново – Прилепско, с. Удово – Валандовско, с. Конче и други“, додаде Алексовска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.