Лексус и Вован раскажуваат како Заев се согласил да даде ‘поткуп’ на патријархот Вартоломеј

Руските пранкери Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) во вторникот откако беше објавена снимката на којашто разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев претстаувајќи му се како сега веќе поранешниот украинскиот претседател Петро Порошенко.

На снимката се слуша како Заев наводно се согласува да даде „поткуп“ за вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква.

„Имате одлични шанси. Денеска разговарав со патријархот Вертоломеј, и ги разгледавме сите заеднички работи, а ја, исто така, му го свртив вниманието на вашето прашања, и тој рече дека можеме да го започнеме процесот (…). Но морам да ве информирам за еден услов. Јас направив парична донација лично на патријархото Ватоломеј“, му рекле пранкерите на Заев.

Во продолжение тие велат дека „исполнувањето на условите, меѓу другото, исто така може да ви помогне“.

„Сумата, којашто ја посочив, всушност е попуст. Тој ми кажа дека ако донесам пријател, тогаш ќе направи попуст. Јас платив многи поголема сума, 150 илјади“, рекле пранкерите.

Како што следува од снимката, Заев се согласи наведувајќи дека „тоа е многу добро, нема проблем“.

„Да. Добро, донацијата ќе биде направена во готовина.. Ние ќе ја направиме таа донација, зашто им е потребна поддршка. Така и ќе сториме“, додава премиерот.

Кунецов за руската агенција РИА потврдува дека руските пранкери неколкупати разговарале со Заев наводно од името на Порошенко, и претставувајќи се и како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Со Зоран Заев ние разговаравме неколкупат во текот на една година. Првиот разговор од името на Порошенко беше во август 2018 година. Истовремено Заев разговараше со ‘генералниот секратар на НАТО, Јенс Столтенберг’, направивме исечоци од неговите фрази, наводно беше задно со ‘Порошенко’ и му го дал телефонот“, раскажува Кунецов.

Додава дека разговарале за ситуацијата на Косово, односите на Украина со Русија, како и тогапшниот кандидат за украински претседател Владимир Зеленски, последниот разговор имено се одржал ден пред изборите. Со „Столтенберг“ станало збор за членството во НАТО, но рускиот пранкер натаму во разговорот не се задржува на овој дел.

Покрај тоа, во еден од трите разговора од името на Порошенко, пранкерите велат дека му кажале на македонскиот премиер дека украинските научници ја „утврдиле сродноста“ со Александар Македонски.

„Нашите научници вечќе го утврдија мојата врска со него, затоа сега моќам да се наречам само Петар Македонски“, рекле пранкерите.

„Како што знаете, нашите украински научници направија многу историски откритија. Како што ви е познато, Украинците се древни Сумери… Нашата териториаје дури во еден период била потчинеат на Александрија“, додал наводниот „Порошенко“.

Во одговорот, како што се слуша на снимката, Заев вели дека „читал за тоа“ и дека историјата „може да нѐ обедини“.