Лекторски хаос и утнати квалификации во државните огласи

Јавното претпријатие за државни патишта бара советник за односи со јавност, вработен на определено време до 31.12.2018 година.

Навидум, ништо невообичаено, јавно распишан оглас за работа, што несомнено е и законска обврска, за секое ново вработување во јавните претпријатија.
Но, очигледно, лекторските услуги за македонскиот јазик не се законска обврска. А, јавноста е веќе добро запознаена и со критериумите за квалификација и компетентност што се’ почесто се бараат во државните институции, министерства, јавни установи…

Освен што целиот текст во огласот е преполн со печатни грешки (ДамеГруев, одцеление, подцршка, аншииски, комјутерски…), за работно место, советник за односи со јавност, бараат кандидати од областа на правните науки, политичките науки или наука за книжевноста…

Со „компетентноста“ не заостанува многу ниту огласот на Министерството за внатрешни работи. За помлад соработник за јавни набавки, се бара кандидат, меѓу другото и од областа на кинезиологија?!