Ленард во „Торонто“, Дерозан во „Сан Антонио“

„Торонто Репторс“ и „Сан Антонио Спарс“ постигнаа договор за големиот трејд според кој во Канада заминуваат Кавај Ленард и Дени Грин, а во клубот од Тексас доаѓаат Демар Дерозан, Јакоб Пелтл. „Спарси“ за Ленард и Грин добија и еден пик од првиот круг на следниот драфт.

Со недели се шпекулираше каде Ленард би можел да ја продолжи кариера, а сега е јасно дека тоа ќе биде „Торонто“.
Двете главни ѕвезди не се задоволни од трејдот. Ленард и управата на „Сан Антонио“ цела сезона имаа нарушени односи, а тој одамна рече дека би сакал да игра за „Лејкерс“. Клубот од ЛА беше сериозно заинтересиран да го доведе во тимот како подршка на Леброн Џејмс, но во Торонто се надеваат дека после една година во „Репторс“, Ленард, сепак, би можел да одлучи да потпише долгорочна соработка со нив.

Од друга страна, претставниците на „Репторс“ на Дерозан пред неколку дена му кажаа дека нема да биде трејдуван, така што огорчен од начинот на кој мора да си оди од франшизата на која и беше лојален и беше главен играч.