Ленче Ристовскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Ленче Ристовска, во саботата на својот профил на Facebook објави статус на англиски јазик во кои посочува дека со „продолжено или панично движење, подлабоко се тоне во живиот песок“.

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша Ристовска, без да алудира на кого конкретно се однесува објавата.

Сепак, оваа реакција следи по наредбата на шефицата на СЈО, Катица Јанева, за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на ова обвинителство, што предизвика реакции кај дел од обвинителите.

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска придружувана од колегите обвинители, минатиот месец порача дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на постапките на ова обвинителство.

Ристоска се обрати во име на целиот персонал на СЈО. Кажа дека нема стапено во контакт со Катица Јанева, а за нејзината оставка, вработените во СЈО дознале во исто време кога таа да се објави во јавност

Од средината на јули СЈО и Јанева се во фокусот на скандалот ,,Рекет” во кој нејзиониот близок пријател Бојан Јованоски е осомничен за рекетрирање бизнисмени кои биле под истраги во предметите на СЈО. Досега, од СЈО петмина вработени добиле покана за распит за случајот „Рекет“. Изјави дадоа шефицата на кабинетот на Јанева и обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми. Во вторник на распит треба да се појави и Катица Јанева

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.