Лени Кравиц има нова љубов – фатен е со поранешната на Фернандез

Музичарот Лени Кравиц (58) е виден во Лос Анџелес, каде се шета по продавниците во друштво на мексиканската манекенка и инфлуенсер Ана Паула Вале (26),пишуваат американските медиуми.

Папараците ги фатиле заедно и тоа во моментот кога излегуваат од автомобил.

Не е познато дали станува збор за пријателска врска или пак за нова љубов на познатиот музичар, но сепак тоа отвори многу сомнежи дека е можно да се љубовни стрели во прашање.

Лени, кратко време беше во врска со манекенката Барбара Фиахла (35). Неговата последна сериозна врска и една од ретките јавни беше онаа со бразилската манекенка Адријана Лима (41) со која се вери. Извесен период тајно беше свршен со актерката Никол Кидман (55). Пет години беше во брак со Лиза Бонет (55) со која ја има ќерката Зои Кравиц (34).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)