Ленин Јовановски: Им се извинувам на граѓаните што ја поддржував Арсовска

Директорот на „Слобода Превоз“ Ленин Јовановски во интервју за „Република“ за прв пат проговори за неговиот однос со градоначалничката Данела Арсовска и дали се уште пријатели.

Поради негативната реакција кај граѓаните, Јовановски најавува дека веќе нема да се појавува на блокадите а ќе го намали и присуството во медиумите.

-Имаме неодговорен однос од страна на градоначалничката Арсовска која наместо да го решава проблемот влезе во изјави и дефокусирање на јавноста и зборување на некакви криминали и сл. И наместо еден проблем почна да се создаваат нови и беше раскинат договорот со „Слобода Превоз“ со што приватните превозници остануваат без работа и егзистенција. Сега има и нов проблем со јавниот оглас за нови превозници.Остануваме на улица и покрај тоа што се проблем за граѓаните.Граѓаните не треба да го трпат ова и ако некој треба да мисли тоа е градоначалничката Арсовска која е недостапна и не ги прима превозниците за да си ги кажат маките.

Тој објасни за долгот што ЈСП го има кон нив.

Долгот е 61 милион и 800.000 и тој е неспорен и усогласен со сметководствената евиденција на ЈСП и за кој што нема понудено решение.Никаков долг не е исплатен од моментот кога приватните превозници го побараа да им биде исплатен.Заедно со долгот што е во „Макекспрес“ е околу 100 мииони денари и во него не е пресметан со тој што сега ќе доспее за месец ноември.

Јовановски објанува и кој е проблемот со билетите.

Приватните превозници не продаваат билети во автобусите.Граѓаните ги користат услугите на приватните превозници со билет купен од ЈСП.Целиот приход од продадени карти се слеваат во ЈСП.Приватните превозници не продаваат карти затоа што фискалните апарати кои се дел од инсталираната опрема на ЈСП не функционираат.Доколку продаваат ќе го прекршат законот за готовинско плаќање каде што јасно е кажано дека на местото каде што се врши готовинско плаќање треба да се издаде фискална сметка.Градоначалничката манипулира изнесува неточни податоци и тоа е лесно докажливо.

Целото интервју со Ленин Јовановски погледнете го на republika.mk