Ленка: Синот на Ѓорѓи Спасов добил 93.000 евра за консултански услуги

Додека државата се задолжува до степен на должничко ропство, Никола Спасов, сопственик на агенцијата Рејтинг и син на поранешниот генсек на СДСМ Ѓорѓи Спасов во време на криза добил 93.000 евра за фамозни консултански услуги, објави на Фејсбук Ленка, Движење за социјална правда.

„Покрај фактот што се работи за агенција блиска до власта која во јавноста пушта анкети за да креира мислење во корист на СДС, Никола Спасов е познат како единствен претставник на Балканов за фирмата „Кембриџ Аналитика”, која стана позната по скандалот за злоупотреба на лични податоци на 50 милиони корисници. За овој скандал беше иницирана и тужба против Фејсбук. Очигледно и ваквите компромитирани кадри на СДС и во време на криза профитираат од коруптивните зделки со власта!, реагира „Ленка“ на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.